Во пресрет на Европско првенство во танци 500 млади танчери заедно го креираа најголемиот скопски флешмоб досега

Фото: Идеа лаб

Оваа сабота повеќе од 500 млади танчери во ритамот на песната Can’t Stop the Feeling од Џастин Тимберлејк официјално го најавија претстојното Европско првенство во танци со најголемиот флешмоб кој досега е одржан во Скопје.

Стотиците танчери од Break A Leg Studio, Aqua Dance Club, Eat The Beat и Dansa Latina Stefi, со модерна кореографија и уникатен танцов настап испратија порака до сите за поголем фокус кон здравите навики и важната улога на танцувањето во општеството и светот на младите.

Оваа година, Скопје е домаќин на првенството IDO European Hip-Hop & Boogie Championship 2022, кое ќе се оддржи од 01.07.2022 до 05.07.2022. За време на првенството ќе се натпреваруваат преку 2.500 танчери од 20 земји од Европа во различни танци, и тоа во неколку видови на состави — соло, дуо, групи и формации, како и машки и женски категории поделени на — детски, џуниор и возрасни.