Граѓаните на повеќе десетици локации во Белград можат да дадат потпис за поддршка на студентите, а големиот број граѓани кои чекаат во ред велат дека „секогаш се за младите“, пренесува „Н1“.
На улицата Косовска 6, граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис за студентската листа од 10 до 17 часот. Акцијата се организира на бројни локации во градовите низ Србија.
Како што пренесува медиумот, некои граѓани чекале и вчера, но не стигнале на ред бидејќи, како што велат, процесот се одвивал многу бавно.
„Ќе чекам додека не стигнам на ред“, изјавила една жителка.
На прашањето зошто ги поддржува студентите, таа вели: „Доста беше веќе, ова повеќе не може да се трпи, безобразни, дрски крадци, криминалци. Што повеќе да кажам? Јас секогаш сум за младите, за мојот внук да живее и да се школува овде и да стане човек“.
За една изборна листа на парламентарни избори во Србија се потребни најмалку 10.000 потписи на граѓани за да биде прогласена и да може да учествува на изборите.
