Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие регистрирани се досега најголем број на потврдени случаи на заразени со новиот корона вирус во едно деноноќие – 1.085. Вкупниот број на тестови во претходните 24 часа е 3.294, што значи дека процентот на заразени е околу 33 отсто.

Како што соопшти Министерството за здравство, наголем дел од регистрираните нови случаи се во Скопје – 447, Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.

Активни случаи по општини Скопје денеска има најмногу во Аеродром (788), Карпош (682), Гази Баба (671), Центар (592) и Кисела Вода (588).

Од министерството информираат дека во болнички услови се починати 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, а бројката на оздравени пациенти е 20.731. Починаа  994 лица, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на ковид-19.