fbpx

Во последното деноноќие нема починати од Ковид-19, направени се 508 тестирања и потврдени 37 новозаразени

-

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти. Направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 новозаразени со ковид-19 и тоа 12 во Скопје, 8 во Куманово, 7 во Тетово, 4 во Струга и по два во Штип, Прилеп и Охрид.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 188 теста се во рамките на скринингот, од кои потврден е еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања и регистрирани се три позитивни случаи, велат од МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978. Од вирусот починаа 113, а оздравеа 1.422 лица. Во моментов во земјата има 443 активни случаи, од кои најголемиот дел (199) се од Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...