Во последните 24 часа се направени 314 тестирања, има 16 нови случаи на Ковид-19

-

Денеска се потврдени 16 нови случаи на корона вирус, оздравени се 14 пациенти, а починаа 3 лица, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Од регистрираните 14 оздравени пациенти, во Скопје се 3 и во Тетово се 11.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 9, Штип 5, и во Струга и Гостивар по еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројот на оздравени е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 445, од кои најмногу се во Скопје, 733.

Од вкупно направените тестови во изминатото деноноќие, 169 теста се во рамките на скринингот, а тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје, во градинки и геронтолошки установи при што не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

„Лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје, е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно исправката, направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и во Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг“, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Над 1000 деца од Тетово уживаа во изведба на бајката „Петар и волкот“ на два јазика

Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект...