Во понеделник протест пред српската амбасада во знак на солидарност со граѓаните на Србија

„Еквалис го организира овој протест за да испрати силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност за случајот со срушувањето на настрешницата во Нови Сад во којшто беа убиени 15 луѓе, меѓу кои и еден македонски граѓанин“, велат од здружението

-

Во понеделник, 30 декември, пред Амбасадата на Србија во Скопје ќе се одржи протест за солидарност со српските граѓани. Протестот е закажан за во 12 часот, а го организира Здружението за едукативен развој Еквалис.

„Еквалис го организира овој протест за да испрати силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност за случајот со срушувањето на настрешницата во Нови Сад во којшто беа убиени 15 луѓе, меѓу кои и еден македонски граѓанин“, велат од здружението.

Од таму велат дека на протестот солидарно ќе им се даде поддршка на студентите и студентките во Србија кои ги окупираат факултетите.

„Како држава којашто во своето демократско растење се има ослободено од авторитарноста преку Студентските пленуми, окупациите на факултетите и прогласувањето на факултетски автономни зони, нам, овој чекор не ни е непознат и нов и знаеме колку посветеност, храброст и истрајност се потребни да се застане на ваков начин во одбрана на својата држава“, додаваат од Еквалис.

На протестот ќе се прочита говорот и обраќањето на студентот Бошко Ристиќ од Нови САД.

„Ги покануваме граѓан(к)ите, студент(к)ите, младите, но и воопшто сите коишто сметаат дека, иако крајот на оваа година се ближи, не смееме да ги заборавиме оние коишто и покрај тоа продолжуваат да живеат во заробена држава“, велат од Еквалис.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...