Фото: Град Скопје

Градот информира дека на 14 јуни (понеделник) ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

„Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14 јуни (понеделник), во раните утрински часови.Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14 јуни (понеделник), во текот на денот.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови,“ се вели во соопштението.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.