fbpx

Во Полошко откриени 10 непријавени странски државјанки

-

Десет странски државјанки на возраст од 19 до 38 години, кои непријавено престојувале во земјава, биле затекнати при ноќешната акциска контрола на полицијата на три угостителски објекти во Полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, акциската контрола била спроведена ноќеска од полноќ до два часот и при тоа во угостителскиот објект „Ерди бос“ во Желино биле откриени четири државјанки на Албанија, две албански државјанки биле откриени при контролата во угостителскиот објект „Нота“ во Чегране, додека при контролата на угостителскиот објект „Виена“ во Гостивар биле откриени четири државјанки на Србија. Контролирани биле уште два угостителски објекти, по еден во Гостивар и во Боговиње, но тука немало странски државјанки.

– Под сомнеж дека десетте странски државјанки го злоупотребиле туристичкиот претстој, односно дека работеле како пејачки и танчарки и на други начини ги забавувале гостите, тие биле приведени и кусо задржани во полициските станици во Тетово и во Гостивар, по што биле предадени за понатамошна постапка на отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – посочи Јосифовски.

Ноќешната акција, како што рече, е дел од постојаните активности на СВР Тетово за откривање и за законско санкционирање на странските државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето, но и откривање на нивна можна вклученост во трговија со луѓе и во други криминални дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...