Во петокот и саботата аплицирани само 3.250 дози вакцини против ковид-19

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини против ковид-19, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 16 октомври, вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, додека 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.