Со светската премиера на филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, во петок свечено ќе биде отворено осумнаесеттото издание на „Скопски филмски фестивал“.
Фестивалот ќе треае до 24 април, а за осумте дена публиката ќе види повеќе од 60 филмови од светската, европската и од македонската кинематографија.
На фестивалот ќе бидат прикажани документарецот за Сноуден, добитникот на „Оскар“, „Граѓанинот четири“, како и победникот на „Берлински филмски фестивал“, филмот „Такси“.
Младата македонска актерка Наташа Петровиќ ќе ја видиме во една од улогите во премиерата на германско-австралискта копродукција „Еликсир“, во режија на Броди Хигс.
„Скопски филмски фестивал“ ќе се одржува во киното „Милениум“ во ГТЦ и во Кинотека на Македонија.