Во петок феминистичка работилница – „Солидарност преку менторство“

Фото: Фејсбук страна на „Стела“
Женската менторска мрежа „Стела“ организира феминистичка работилница насловена „Солидарност преку менторство“ што ќе се одржи во петок (08.04.2022) со почеток во 16:00 часот во просториите не Млади Хаб во Скопје.

Станува збор за работилница која ќе опфати креирање на феминисички практики преку менторство, пишување и соработка. Истата ќе биде со интерактивен пристап, односно ќе се одвива на македонски и на албански јазик.

„Општествата можат да учат од различните феминистички движења ширум светот и да ги имплементираат нивните перспективи во дома. Транснационалниот феминизам придонесува кон создавање колективни решенија за справување со неправдите и структурната дискриминација. Прекуграничните феминистички методи нудат места за соработка, глобална солидарност – и што е најважно за прекугранични компаративни примери кои можат да се користат на глобално ниво за да се подобри имплементацијата на политики кои нѐ водат кон родова еднаквост. Феминистичките движења низ светот добија значајни битки против патријархалните, расистичките и капиталистичките структури, но борбата продолжува“, стои во најавата за работилницата.

На агенда се поставени неколку теми на предавање и тоа:

  • Транснационален феминизам и феминистичка пракса за што ќе зборува Сара Миленковска;
  • Менторство, солидарност и соработка за што ќе објаснат Влора Речица и Гордана Колова;
  • Феминистичко пишување за што одговорна е Елена Гаговска.

Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на следниот формулар.

Граѓанска организација „Стела“ е формирана од страна на група ентузијастки и има за цел да го подобри пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Обезбедувајќи една-на-една насоки и совети преку Женската менторска мрежа, жените менторирани преку Стела се поддржани преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси.