Во пет стручни училишта преку VR апликација ќе се симулираат работни процеси

Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 ја промовираше новата VR апликација за стекнување на работни вештини во електроиндустријата, на глобалниот настан XR EXPO, кој е во организација на меѓународниот тренинг центар ITCILO на Обединетите Нации.

„VR апликацијата ќе овозможи 3Д симулација на работните процеси, во пет средни стручни училишта во Македонија. На овој начин, учениците ќе стекнат практични вештини и ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот“, информираат од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.

Апликацијата, која е поддржана од Меѓународната организација на трудот и истата ќе можат да ја користат и компаниите при обука на нововработени лица.

Предности од VR апликацијата ќе имаат самите средношколци за стекнување на практични вештини во делот на 3D симулација на работни процеси, но истата ќе биде корисна и за компаниите.