fbpx

Во Париз се одбележува половина век од основањето на најстариот лекторат по македонски јазик

Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО ќе се одржи и концерт на македонска народна музика на Гаел Лекок и Анета Жорж

-

Деновиве се одбележуваат 50 години од основањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот, Лекторатот по македонски јазик во Париз. Овој значаен јубилеј за македонистиката и за македонската држава и култура ќе биде одбележан со голем меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).

Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК), на симпозиумот ќе има учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

„Со програмата на симпозиумот се предвидени три тркалезни маси, при што една од нив ќе биде посветена исклучиво на македонистиката во Франција. Со свои излагања ќе учествуваат и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монтпелиер 3“, информираат во МСМЈЛК.

Две тркалезни маси на симпозиумот ќе му бидат посветени и на творештвото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов. Со нив ќе продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј, кое вчера на Светскиот ден на позијата започна во седиштето на УНЕСКО, но и воопшто меѓународната афирмација на неговото творештво во текот на јубилејната година, која започна со третата зимска школа на МСМЈЛК.

На симпозиумот ќе учествуваат и академиците од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова.

Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО ќе се одржи и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура).

По отворањето на Лекторатот во Париз пред 50 години, следуваше засилено присуство на македонскиот јазик, литература и култура во наставата на странските високообразовни институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...