Малолетник кој учи во основно училиште во општина Гази Баба, бил физички нападнат од тројца негови соученици, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 15 декември во 11:30 часот во СВР Скопје, А.Џ. (37) од Скопје пријави дека еден ден претходно околу 12 часот, пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението од МВР.
МВР информира за уште еден случај на насилство. Имено, на 15 декември околу 15:30 часот во СВР Скопје, И.Н.(40) од с.Мршевци, скопско, пријавила дека околу 10:30 часот во основно училиште во с.Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици кои употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
