fbpx

Во октомври трошоците за живот пораснале за 0,2 проценти

-

Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2 проценти, додека цените на мало се намалени за 0,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Порастот на трошоците на животот од 0,2 проценти во октомври 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 5,8 проценти, мармаладите за 1,4 проценти, конзервираниот зеленчук за 0,9 отсто, мастите за 0,7 проценти, лебот и житариците, полутрајните колбасичарски производи и чоколадните производи за 0,5 проценти, преработките од компир за 0,4 отсто, преработките од млеко и другите млечни производи за 0,2 проценти.
Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2,6 проценти, обувките за 2,4 проценти, снабдувањето со вода, смет и други услуги во врска со станот за 2,2 проценти, облеката за 1,2 проценти, информатичката опрема за 0,7 проценти, средствата за чистење и за одржување на станот и други услуги неспомнати на друго место за 0,6 проценти, средствата и услугите за лична хигиена за 0,4 отсто, текстилот за домаќинствата за 0,3 проценти, лековите, други средства за рекреација, цвеќиња и миленици и лични предмети неспомнати на друго место за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот во октомври 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото овошје за 7,2 проценти, шеќерот за 1,5 отсто, други неспомнати производи за 0,7 отсто, конзервираните месни производи за 0,6 проценти, сувомеснатите производи за 0,5 проценти, свежото млеко за 0,4 отсто, киселото млеко, конзервираното овошје и алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и месото за 0,2 проценти.
Во октомври, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,7 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,6 отсто, течните горива и мазива за 1,6 отсто, гасот за домаќинствата за 0,9 проценти, услугите за култура за 0,4 проценти и апаратите за домаќинствата за 0,2 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...