Согласно препораките и мерките што ги донесе Владата на Македонија за заштита од корона вирусот, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација.

Во наредните денови ќе се врши дезинфекција и дератизација на сите објектите од јавните општински установи за деца, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а потоа ќе продолжи акцијата и во сите основни и средни училишта на територија на општина Охрид.

Исто така, сите 80 автобуси на автопревозникот „Галеб“ кои возат на меѓународни, републички и локални линии, се стерилизираат.

„Денес вршиме дезинфекција и ќе ги опремиме вработените, возачите и шалтерските работници со заштитни маски и со ракавици. Тоа е максимумот што може да го направиме како фирма“, вели директорот на „Галеб“, Димитар Василески.

Дезинфекцијата и дератизацијата ја спроведуваат екипи на Центарот за јавно здравје.