fbpx

Во Охрид в понеделник ќе се поделат 1,5 тони рибна чорба за Денот на рибарите

-

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, која што ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител, во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.

Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. Набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.

Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5.000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

Охрид за претстојниов викенд очекува голем број на посетители да го проследат фрлањето на крстот во Охридското езеро на празникот Водици в недела.

Денот на рибарите се одржува еден ден подоцна и претставува празник што веќе неколку години наназад ги привлекува посетителите да останат подолго во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...