Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, деновиве реализираат координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.

Се отстрануваат маси и столици и информативни табли од пред угостителските објекти долж чаршијата, на потегот меѓу двата чинара.

Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угпостителките објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема, објаснуваат од локалната самоуправа и додаваат дека ваквите акции и контроли ќе продолжат.