fbpx

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

-

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори.

Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој исполнил само 24,78% од индикаторите.

Во 2017 година, Дебарскиот суд го следи примерот на Охрид, односно исполнил само 25,61% од индикаторите.

Додека, во 2018 година првото место за нетранспарентност го зазеде Гевгелискиот суд, кој исполнил 31,82%.

ACTION SEE, трета година по ред, препорачува итна акција за подобрување на отворањето на судските институции, а откако ќе го достигнат основното ниво на отвореност, според нив, неопходно е да се зголемат барањата во согласност со стандардите за отвореност. Судовите на Северна Македонија имаа слични резултати во текот на 2016 и 2017 година.

Инаку, судските реформи се главниот услов на Европската Унија за започнување на преговори со Северна Македонија.

Судството во земјата беше и продолжува да биде мета на критики и од домашниот и од меѓународниот фактор поради неуспехот во спроведувањето на реформите, односно местење на предмети, пристрасност, политичко влијание, двојни стандарди, неефикасност и нетранспарентност. Граѓаните се разочарани како резултат на тоа што сите поранешни функционери на поранешната влада кои беа осомничени за сериозни кривични дела, се на слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...