Во ноември минатата година во државава се издадени 208 одобренија за градење, што е за 14,4 отсто помалку во однос на истиот месец од 2019 година, соопшти Државниот завод за статистика, ДЗС. Предвидената вредност на објектите изнесува 1.921.700 илјади денари (31.247.000 евра), што е за 22,2 отсто помалку во однос на истиот месец од една година претходно.

Од вкупниот број на издадени одобренија, 112 или 53,9 отсто биле наменети за објекти од високоградба, 20 или 9,6 отсто биле за објекти од нискоградба, а 76 или 36,5 отсто се издадени за објекти за реконструкција, објави ДЗС.

Од вкупно 208 објекти, на најголемиот дел, 109 или на 52, отсто, како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 99, односно 47,6 отсто од објектите како инвеститори се јавиле деловни субјекти.

Лани во ноември во скопските општини се издадени најголем број одобренија за градба, 45, од кои по 10 се во Центар и во Бутел. Вкупната вредност на сите изададени решенија изнесувала 729.965 денари.

Во овој извештаен период е предвидена изградба на 302 стана, со вкупна корисна површина од 26.479 квадратни метри, од кои 206 отпаѓаат на деловни субјекти како инвеститори, за градби со вкупна површина од 12.912 квадратни метри.