fbpx

Во Митровица е убиен Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби

-

Лидерот на иницијативата „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ утрово е убиен од огнено оружје во Северна Митровица, на Косово.

Ивановиќ им подлегнал на повредите откако утрово околу 8.15 часот во него било пукано од огнено оружје пред неговата канцеларија во Северна Митровица, потврдил неговиот адвокат Небојша Влајиќ за „Радио Слободна Европа“.

– За жал, лекарите во болницата во Митровица во 9.30 часот потврдија дека починал – изјавил Влајиќ.

Полицијата пред канцеларијата на Ивановиќ пронашла три чаури, потврдиле од неговата партија.

Северниот дел на Косовска Митровица е блокиран од бројни припадници на косовската полиција кои трагаат по лицето кое пукало во Ивановиќ. Исто така е блокиран и просторот околу седиштето на партијата.

Оливер Ивановиќ беше носител на листата „Србија, демократија, правда – Оливер Ивановиќ“ на изборите на Косово.

На последните избори што се одржаа на 22 октомври, минатата година, поради закани четворица кандидати се повлекоа од неговата листа, а неодмна во Северна Митровица му беше запален и автомобилот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...