Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Македонија се наоѓа на слично ниво со Словенија (7 отсто) и Бугарија (7.4 отсто), но има пониска преваленца во однос на соседни земји како Србија (10.5 отсто), Албанија (10.6 отсто) и Косово (10.4 отсто)

-

Според најновото, 11-то издание на „Атласот за дијабетес“ на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), во Македонија во 2024 година се регистрирани 140.800 лица со дијабетес на возраст од 20 до 79 години, што претставува 7.4 отсто возрасна стандардизирана преваленца. Податоците покажуваат и дека околу една третина од луѓето со дијабетес – 33.5 отсто – не се дијагностицирани, што значи дека околу 45.000 лица во земјава живеат со дијабетес без да знаат.

Диме Велев, претседателот на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија вели оти регистарот на состојбата со дијабетес укажува на стабилизирање на бројот на ново дијагностицирани случаи на околу 7.500 годишно, но и понатаму постои ризик од пораст на бројот на заболени.

„Меѓу причините за ова стабилизирање се посветеноста на пациентските здруженија, подобрата соработка со здравствените институции, како и партнерството со Националната комисија за дијабетес и ендокринолозите во земјава“, вели Велев преку соопштение до јавноста.

И покрај овој позитивен тренд, експертите предупредуваат дека е неопходно спроведување на современи превентивни програми, обезбедување на иновативна инсулинска и антидијабетна терапија, како и континуиран и квалитетен менаџмент на дијабетесот. Во тој контекст, како пример се посочува Словенија, каде лицата со тип 1 дијабетес редовно користат континуиран мониторинг (CGM) и инфузиски пумпи, со што се намалуваат компликациите и трошоците за здравствениот систем.

На глобално ниво, бројот на лица со дијабетес во моментов изнесува 589 милиони, а до 2050 година се очекува таа бројка да порасне на 853 милиони. Најголем дел од заболените, околу 90 отсто, имаат дијабетес тип 2 и живеат во земји со ниски или средни приходи.

Македонија се наоѓа на слично ниво со Словенија (7 отсто) и Бугарија (7.4 отсто), но има пониска преваленца во однос на соседни земји како Србија (10.5 отсто), Албанија (10.6 отсто) и Косово (10.4 отсто). Овие податоци уште еднаш ја потврдуваат потребата од зајакната едукација, рана дијагностика и достапна терапија за сите категории пациенти.

Повеќе информации и споредбени податоци може да се најдат на официјалната веб-страница на Атласот за дијабетес.

Мета.мк уште пред две седмици, как одел од написот за злоупотреба на лекот Оземпик, ги објави истите бројки кои денеска ги објавува Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Оземпик и апетитот за слабеење: Конзумеризмот создава болест, а фармацијата нуди „решение“

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во земјата и...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во...