За една третина е зголемен бројот на случаи за семејно насилство во Лондон, соопшти управата од лондонската полиција.

За само шест недели, откако се воведени мерките за социјално дистанцирање, службениците од полицијата направиле во просек 100 апсења на ден за вакви прекршоци. Во однос на претходната година, инцидентите за насилство се со пораст од 9 проценти.

Од лондонската полиција велат дека секој оној кој е жртва на семејно насилство, не треба да страда и молчи поради тоа. Тие ги повикуваат жртвите да го пријават насилството, ветувајќи им дека нема да бидат казнети доколку ги прекршат мерките за социјално дистанцирање.

Претпоставките дека со изолацијата и мерките за ограничено движење ќе се зголеми бројот на случаи со семејно насилство се воспоставија точни, а за тоа известија и неколку држави.

Во Македонија, секој оној што сака да пријави семејно насилство или друг вид кривично дело, нема да биде казнет доколку во тој момент го прекрши полицискиот час.