fbpx

Во Куманово се зголемува бројот на физички и правни лица приклучени на гас

-

Јавното претпријатие „Куманово Гас“, лани го зголемил бројот на приклучоци на гас за дополнителни педесетина во однос на претходната година, а покрај правни субјекти кон дистрибутивната гасоводна мрежа се приклучиле и физички лица.

„Во 2019 година, првпат од основањето на претпријатието, остваривме позитивен финансиски резултат и работевме со добивка од 600.000 денари во првиот квартал. И во останатите квартали се забележува тренд на позитивно работење. Ова се должи на зголемувањето на бројот на приклучоци и зголемената количина на дистрибуиран природен гас,“  изјави директорот на ЈП „Куманово гас“, Никола Денковски.

Тој додаде дека годинава останува да се реализира проектот кој бил врвен приоритет и лани, приклучување на болницата кон мрежата.

„Доцнеше проектот кој го работи кумановско проектантско биро. Наш врвен приоритет е создавање на технички услови за приклучување на болницата на гасоводниот систем. Тоа значи дека ќе ги исполниме нашите обврски, останува и болницата да си ги доврши своите обврски,“ додаде Денковски.

Владата на 30 октомври 2019 година препорача наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен – хирушки центар при ОБ Куманово.

За годинава, Денковски очекува нови 200 корисници кои ќе се приклучат кон дистрибутивната мрежа во населбата „Зелен рид“.

Јавното претпријатие „Куманово гас“ го субвенционира приклучувањето со 10.000 денари, а граѓаните приклучувањето можат да го платат на 12 месечни рати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...