Приближно сто килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.
Инспекторите утврдиле низа недоследности, како продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати плескавици и ражнич, продажба на месо без декларација, како и измината важност на санитарни книшки на вработени кај операторите за храна. Дел од нив не поседувале комплетна документација, а инспекторите изрекле мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1.000 евра, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.
Со инспекциските надзори во овој град, опфатени биле и два големи супермаркети кај кои не биле утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.