Фото: Ковид-19 пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Вкупно 719 лица во изминатото деноноќие се евидентирани дека се лекуваат од корона вирусот во ковид центрите во земјава, а приближно 400 болнички кревети се слободни, информира Министерството за здравство, од каде потенцираат дека бројките се менуваат од час во час, зависно од приеми и исписите на болните.

Во ковид центрите во градовиве низ земјава се лекуваат 412 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 лица, во Штип има 37 пациенти, на инфективното одделение во Тетово се 15 болни, во Велес има 33 пацинети, а во Куманово се лекуваат 65. Во ковид центарот во Охрид лежат 45 пациенти, во Прилеп 48, во Гостивар има 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 15, во Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8.

Во Скопје во изминатите 24 часа во ковид центрите се примени на лекување 36 нови пациенти поради компликации од ковид-19, а вкупно 306 лица се лекуваат на инфективните оддели. Дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

На интерните клиники имало 12 приеми, во „ГОБ 8 Септември“ 15, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ 19 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 лица, на Очни болести има 6 пациенти, на ОРЛ 16 болни, а на Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 92 болни, на Инфективна 76, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациента.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, а до 8 часот утрово во ковид центрите во Скопје имало 122 слободни места, соопштија од Министерството за здравство.