Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 763 и има околу 350 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид центрите низ земјава на лекување биле вкупно 457 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 25 лица, во Штип 36, на инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72. Во ковид центарот во Охрид има 56 пациенти, во Прилеп 78, во Гостивар 17, а во Струга лежат 20 болни. Во болницата во Струмица се на лекување 29 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, во Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени на лекување 24 нови пациенти, а вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

На интерните клиники имало 11 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ имало 9 нови приеми на пациенти и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти, а дома сe пуштени 34 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 28, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ 55 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 16 пациенти, а на ГАК се хоспитализирани 3 ковид-позитивни. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, информира Министерството за здравство.