fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 1.744 пациенти од ковид-19, има 230 слободни болнички кревети

-

Во сите ковид центри во главниот град и во болниците низ државава се лекуваат 1.744 пациенти со симптоми од корона вирус, а има околу 230 слободни кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците во изминатите 24 часа.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 123 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип 93, на инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 103 болни, а во Куманово 93. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 145, во Гостивар 39, а во Струга 18 болен. Во болницата во Струмица лежат 116 пациенти, во Кочани 38, во Кичево 36, во Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица.

Во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие се хоспитализирани 72 нови пациенти, а вкупно 692 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ имало 10 приеми, а 12 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 3 нови болни, немало нови пациенти на Клиниката за Детски болести, а на Институтот за физикална медицина имало 2 нови пациента. Дома се пуштени 72 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести 155 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40, на Клиниката за детски болести лежат 9 деца, а на ГАК има 6 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

„Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места“, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...