Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 90 пациенти, во Прилеп 99, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29, во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во ковид центрите во Скопје во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места.