fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 1.392 пациенти од ковид-19, има околу 300 празни кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите. Но, кога ќе се собере вкупниот број на хоспитализирани според денешните бројки, тогаш бројката наместо 1.392 излегува 1.394.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места во ковид центрите во Скопје, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...