fbpx

Во ковид центрите низ земјава сместени се 818 пациенти, има слободни 400 болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 818 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 463 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство велат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од ресорното министерство.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминатите 24 часа хоспитализрани се 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа  по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациент, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во ИНститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...