Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство соопшти дека вкупно 750 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и дека има слободни околу 360 болнички кревети во ковид центрите.

Од вкупниот број хоспитализирани, 307 се лекуваат во главниот град, а 443 во ковид центрите низ земјава.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациент, во Кочани 7, во Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од Министерството за здравство.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.