Министерството за здравство соопшти дека вкупно 667 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има слободни околу 384 празни болнички кревети.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 411 се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава, а останатите 256 во ковид центрите во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болен, а во Куманово 53 пациенти позитивен и суспектен на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.