Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.740 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ внатрешноста е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.042 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Додека пак, на инфективните оддели во главниот град се лекуваат 698 пациенти. Оттаму информираат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во моментов во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35 во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од МЗ.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.