Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство соопшти дека вкупно 1.427 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава.

Од вкупниот број хоспитализации, 835 се однесуваат на ковид центрите низ земјава, додека пак останатите 592 се пациенти сместени во болниците во Скопје.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

„Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од МЗ.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивен на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК .

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.