fbpx

Во катната гаража „Солунски конгрес“ починал мајстор за лифтови

-

Во катната гаража „Солунски конгрес“ вчера, околу 17.30 часот, починал мајстор за лифтови откако се лизнал и паднал од голема висина.

МВР информира дека мајсторот бил повикан да го одглави лифтот, кој се заглавил на осмиот кат од гаражата која се наоѓа покрај реката Вардар, веднаш до дирекцијата на „Македонски пошти“.

Додека работел, 57-годишниот М.В од Драчево се лизнал и паднал од осми кат на бетонски под. Тој веднаш бил пренесен на КАРИЛ во бесознание. И покрај напорите на лекарите, мајсторот ноќеска во 1.15 часот им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...