Марис е архитект, модел и контент креатор со речиси 32 илјади следачи на Инстаграм. За нејзиниот инстаграм профил вели: „Се обидувам да постирам нешта кои јас како девојка имав потешкотии да најдам како се прават. На пример како се прават одредени фризури, трикови при шминкање, како да носите едно парче облека на различни начини, како и нешта кои мене секојдневно ме инспирираат или, пак, производи кои ми помогнале и сакам да го споделам своето искуство за нив.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Марис за начините на кои што таа се справува со промените во живтотот за време на корона вирус пандемијата.
Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата? – Не којзнае колку многу, бидејки се сметам интроверт и ѝ претходно не ми сметаше да поминувам време дома.
Како се заштитуваш? – Обавезно носам маска на лице и рацете ги дезинфицирам постојано. Истото го прават и моите дома. И работите кои ги купуваме од продавница ги дезинфицираме пред да ги употребиме.
Што научи за себе во самоизолација? – Дека грижата за физичкото здравје е подеднакво битна со грижата за менталното здравје.
Што ти недостасува најмногу? – Добар бургер со компирчиња 😊
Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш? – Без брза храна 🙊
Како си го исполнуваш времето? – Се сликам, слушам аудио книги, цртам, си готвам храна, пијам кафе со мајками, ручек со цела фамилија и по некој добар филм со домашни пуканки.
Добра книга што треба да се прочита периодов. –Influence- Robert B. Cardini
Добра серија што мора да се изгледа: Филм- Colonia
Песна за на repeat: Stacey Kent- So nice
Видео/друштвена игра што треба да се игра: Monopol
Дали се плашиш? Што поточно те плаши? – Ме плаши смрт на личност која ми значи.
Се плашиш ли од 5г? – Не, но не ми се допаѓа идејата околу тоа.
Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот? – Ќе се дотерам и ќе одам на некоја преубава вечера со дечко ми во некој убав ресторан.
Која е поуката од Ковид-19? – Дека понекогаш ни треба време дистанцирани од брзиот живот кој го имаме секојдневно, за да се пронајдеме себеси и уметникот во нас.