Во карантин со Марио Манов (интервју)

Марио Манов е дечкото на инстаграм кој за многу брзо време ги освои срцата на инстаграмџиите, а бројката на луѓе кои го следат моментално изнесува повеќе од 35 илјади и секојдневно расте.

За својот профил вели: „Скоро секое утро имаме мал “концерт” на стори .😂 Постирам видеа на профилот кои што повеќето се наречени “Македонски мајки” и сè нешто кое што моите следбеници највеќе го сакаат. Покрај смеењето, пробувам исто така да зборувам и на некои посериозни теми – проблеми кои што моите следбеници и не знаат како да ги решат сами. Сакам да бидам инспиративен, па тоа пробувам да го постигнам со постирање на фотографии (најчесто Outfit фотографии). Го презентирам моето секојдневие и уште многу многу други работи. 😇 “

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Марио за начините на кои што се справува со промените во живтотот за време на корона вирус пандемијата.

View this post on Instagram

Makedonski majki part 2: #funnyvideo

A post shared by Mario Manov 🥝 (@manovv_23) on

Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата?

– Да бидам искрен, не забележав некоја голема промена во секојдневието после Ковид-19 пандемијата. Како некој што поминатото време во домашна атмосфера заедно со фамилијата го сака повеќе од она поминатото во така наречениот „секојдневен брз живот”, ова ми дојде како цреша врз шлагот на тортата.

Како се заштитуваш?

– Преферирам да бидам дома повеќе од времето и да одбегнувам контакт со луѓе. Доколку истото не може да биде одбегнато и сум принуден да одам надвор, држам дистанца од оние кои што се околу мене. Задолжително носам маска со намера да се заштитам себе и си и сите други околу мене. Секако редовна дезинфекција на рацете, мобилниот телефон патики и слично.

Што научи за себе во самоизолација?

– Искрено, сам себе си се сметав како една многу нетрпелива личност. Во овој период сфатив дека сум баш спротивно од тоа. Научив да се концентрирам повеќе на одредени нешта кои што може би порано и не сум преферирал да ги правам. Љубов и време, научив овие две нешта да ги спојам во едно и целата љубов и време кое што го имам да го посветам на оние кои што се секогаш тука за мене без разлика на што. Научив да се сакам самиот себе си, да си кажам браво за нештата кои што ги постигнувам и да ги ценам истите.

Што ти недостига најмногу?

– Дефинитивно пријателите! Можам да кажам дека сум некој кој што е најсреќен кога е опкружен со пријатели. Ми недостигаат ноќните средби кои што секојдневно ги имавме кај некој дома со чаша добро вино и добра музика. Можам да кажам дека исто така ми недостига и слободата! Како што кажав погоре, не сум некој кој што сака цело време да е надвор и преферирам домашна атмосфера, но кога нешто ми е забрането и не сум во можност да го правам што нормално и не би го правел, се нервирам. Мислам дека повеќето ќе ме сфатат на што мислам LOL.

Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш?

– Не се врзувам за ништо. Не си ставам притисок со такви мисли врз самиот себе си и мислам дека се си остана исто како и порано.

Како си го исполнуваш времето?

– Шпанските серии на Netflix како што се La cas de papel, Elite и други, ми се моментално нај омиленото нешто. Исто така, ОПСЕДНАТ сум со џез музика изминативе неколку дена и повеќето од времето го поминувам слушајќи џез. Нешто што на пример порано не сакав да го правам беше готвењето, но сега ми е нешто кое што навистина ме исполнува и ме прави среќен.

Добра книга што треба да се прочита периодов?

– Морам да признаам дека не сум голем љубител на читање книги и веќе некое време сакам да се натерам сам себе да прочитам нешто, што не би било типично како до сега прочитаните книги. Но! Ако би одбрал една, тоа дефинитивно би била “The wave”.

Добра серија што мора да се изгледа?

– Не би можел да одвојам една! Мене 10/10 до сега ми се YOU, LA CASA DE PAPEL и Elite. Сите се достапни на Netflix и вредат да бидат изгледани.

Песна за на repeat?

– Покрај џез, секако слушам pop како и Hip-Hop музика. Доколку би требало да изберам една, дефинитивно би ја препорачал Mad Love од Mabel. Песна која ја слушам секое утро за добро расположение во текот на денот.

Видео/друштвена игра што треба да се игра?

– Не играм никакви игри. 😬 По препорака од моите браќа, ја добив “Roblox“ но сè уште ја немам испробано.

Дали се плашиш? Што поточно те плаши?

– Несреќа, губење на блиска личност и нешто кое што може и ќе звучи смешно, но се плашам од напуштени, темни, празни простории.😅

Се плашиш ли од 5Г? 

– Имам прочитано и слушнато многу различни мислења и определби. Јас лично (ќе бидам искрен како и секогаш ) се немам едуцирано подетално на темава за да изградам свое лично мислење така што не би можел да одговорам на ова прашање. Како би рекол јас „Душо ако е штетно, ич да не го ни стават… мислам стварно би било крајно безобразно”. 😂

Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот? 

– Ги собирам сите пријатели кај мене, пуштаме музика и водиме 10 часовен разговор за тоа како ми недостигале овие поминати 2 месеци во карантин. 😂

Која е поуката од Ковид-19?

– Цени ги нештата кои што ги имаш додека ти се во рака, а не кога ќе ги нема повеќе. Слободата е нешто кое што не секој од нас го ценеше додека го водевме оној „нормален живот”.

Опиши го твојот карантин со 5 emojis –

😴🧑🏻‍💻🧑🏻‍🍳😍