Во карантин со Ивона Јовановиќ (интервју)

Фото: Фотографии од лична архива на Јовановиќ

Ивона Јовановиќ е пејачка, која на својот Инстаграм профил има 25 илјади активни следачи. Таа најчесто објавува содржини кои зрачат со позитивна енергија, а меѓу темите за кои зборува се самоприфаќање на телото и работа на себе.

Во продолжение, прочитајте како Ивона се справува и го поминува времето во карантин, но и како се заштитува себеси.

Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата? – Многу. Од активно секојдневие, до затвореност во четири зида. На почеток смешно и интересно… Но само на почеток.
Како се заштитуваш? – Со што помал број на луѓе сум во контакт. Кога сум во контакт ги почитувам мерките на претпазливост.
Што научи за себе во самоизолација? – Дека можам сама со себе. Можам да седам сама до своите мисли и тоа да ми е приоритет на денот и убаво да ми е.
Што ти недостасува најмногу? – Настапите во живо. Музиката. Енергијата од луѓето. Теретана!
Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш? – Без некои личности хаха. Без кафани, дискотеки.
Како си го исполнуваш времето? – Читам и учам за себе. Понекогаш чашка винце со добра музика. Многу серии, филмови. Вежбање органска хемија.
Добра книга што треба да се прочита периодов. – „Стравот“ од Коста Петров.
Добра серија што мора да се изгледа. – „The handmaid’s tale“
Песна за на repeat? – Daddy lessons – Beyonce

Видео/друштвена игра што треба да се игра? – Ludo на Фејсбук
Дали се плашиш? Што поточно те плаши? – Работам на стравот. Но и понатаму е присутен страв од неуспех. Страв дека нема да достигнам сѐ што сакам.
Се плашиш ли од 5г? – Го сакам 5Г во поштенско сандаче.
Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот? – Мислам дека нема да се вратам дома едно добри две недели. Шала на страна, ќе почне испитната и малку ме плашат резултатите. Затоа што знам дека нема да можеме да се затвориме дома. Ваљда ќе одам на викендица со друштво. Добра музика. И сите ќе ги гушкам. Многу ќе ги гушкам.
Која е поуката од Ковид-19? – Општествената одговорност може да спаси животи.
Опиши го твојот карантин со 5 emojis – 🤗🤔😭🤯🧘‍♀️