Во карантин со Александра Шијаковска (интервју)

Александра Шијаковска е една од најмодерните девојки на социјалните медиуми. Нејзиниот Инстаграм профил брои 29 илјади следачи, а секоја нејзина фотографија добива по илјадници лајкови. На нејзините фотографии секогаш можат да се видат исклучително креативни модни комбинации, а оваа креативна девојка брзо се адаптираше и на карантинот и продолжи со објавување одлични фотографии од по дома.

За својот профил вели: „Реален профил на македонска блогерка. Ако нешто се трудам на профилот, тоа е да споделувам реални работи од секојдневието и да ги поттикнам луѓето да се гордеат со тоа што го имаат колку и да изгледа тоа малку во споредба со другите, да не се срамат од каде потекнуваат, да го ценат своето семејство и вистинските вредности. Исто се трудам цело време да сум позитивна и да насмеам некој барем на кратко (иако и јас како сите нормални луѓе имам проблеми, лоши денови и не сè ми е совршено) “

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Александра за тоа како таа ги поминува деновите во карантин.

 

Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата? 

Не многу, затоа што јас и претходно работев од дома и сум навикната да сум дома со родителите. Овие три години некако попродуктивно и поубаво ми беше работењето од дома од колку седењето по локали, така што самоизолацијата воопшто не ми е тешка или депресивна.

Како се заштитуваш? 

Мерките ги почитувам целосно, цело време бев дома со семејството, излегував само по потреба. Сега кога почна да функционира по нешто излегувам но со заштитна опрема.

Што научи за себе во самоизолација? 

Дека сум многу трпелива личност а не сум го знаела тоа 😂

Што ти недостасува најмногу? – Пријателите

 

Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш? 

Да седнам во омилениот локал во 12 часот и да си го испијам кафето на сонце 😂

Како си го исполнуваш времето? 

Книги, креирање контент за инстаграм, кафе со семејството, научив и палачинки да правам 😂 (за тие што не ме знаат готвењето ми е најслабата страна)

Добра книга што треба да се прочита периодов – Кралство од соништата.

Добра серија што мора да се изгледа – Не изгледав ни една серија, читав книги но сакам да ја гледам la casa de papel, многумина пријатели ми ја препорачаа.

Песна за на repeat? – Не можам да кажам само една затоа што слушам буквално сè, немам омилена песна. Денес слушам една, утре ќе слушам друга и така. Последно ги преслушав некои од македонските артисти како Врчак, Јован Јованов и сите тие кои ги слушавме пред десет години (тинејџ години😂).

 

Видео/друштвена игра што треба да се игра? – Ние дома често играме карти, им раскажуваме приказни на внуците, играме со топка во дворот, гледаме стари слики. Не можам да се сетам на некоја конкретна друштвена игра

 

Дали се плашиш? Што поточно те плаши? 

Не, нема за што да се плашам ни јас ни било кој. Ако нешто треба да се случи секако ќе се случи и ова е за сите, не е само за поединци па некој да треба да се плаши. Доволно е да бидеме совесни и сочувствителни. Јас живеам денес, не размислувам што ќе ми се случи и ако ми се случи утре.

Се плашиш ли од 5г? 

Не, не ни читам/слушам вести и статии поврзани со тоа.

 

Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот? 

Ќе си се вратам на секојдневието најнормално, ќе работам на тоа да си ги исполнам сите запишани цели од wish list и секако ќе се видам со сите пријатели.

Која е поуката од Ковид-19? 

Поуката е да го цениме тоа што го имаме, колку и да ни изгледа мало и безвредно. Затоа што на крајот на денот може ни тоа да го немаме. И да си ја цениме слободата, таа е сè на светот. Најважно дека сите сме ИСТИ. Еве уште еден пример дека бевме во иста каша сите. Бели црни, материјално богати и сиромашни, христијани муслимани, образовани необразовани, сите бевме исти затворени во четири ѕида.

Опиши го твојот карантин со 5 emojis 😂😅😬🖕🏻