Во текот на изминатото деноноќие, 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Исто така, на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 потпишале изјави за самоизолација.
Полициските службеници извршиле контроли кај лицата во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица ја прекршиле мерката за самоизолација.