Мод е модификација на игра и овој мод се однесува на сосема првата игра во Елдер Скролс Серијалот од фирмата Бетезда која еден единствен програмер со надимак „Inferno Plus“ се обидува и труди соло со години да ја преслика и пренесе целата Моровинд игра со графика и енџин на познатиот светски хит Елден Ринг од фирмата Фромсофт. Ова иницијално предизвика реакции од како тоа би било изводливо од правен аспект, но тоа не го спречи програмерот во овој потфат -каде најновиот аптејт за што се има сработено го посветува на “еден тип што му коментирал дека никогаш нема да го изведе ова”. А навистина „портирањето“ на Моровинд во Елден Ринг мод захтева многу детално програмирање, кодирање, твикање, подесување, балансирање и програмерот и покрај употреба и на алатки од Вештачка Интелигенција вели дека самите процеси се премногу долги, но изводливо сработливи -направено е најново видео за досегашниот напредок.

Ако го изгледавте целото видео што професионалните програмери најдобро би го сфатиле во целост, сепак видеото е детално прикажано што се’ и како е сработено и ентузијасти кои сакаат да изработуваат модови и сосема свои игри, или прво да почнат верзии на вакви комбинациии од две студија, користејќи алатки како мап едитори за почеток, па модови, па вистинско мешање и изменување на код, од 3D моделирање до Гласовни Актери до целосно репрограмирање на блокови информации од целите игри -овој соло програмер гејмер и аматер девелопер докажува дека сето тоа е изводливо и во домашни услови со малку подобар хардвер и малку помош од вмрежување со волонтери кои имаат волја и тврдоглавост -што во основа е всушност балкански познато како фразата на вистински „Јак Карактер“ но и со доза на балкански „Инат“ (Инает) дека InfernoPlus токму тврди дека баш за тоа се работи како дел од движечката сила овој најнов аптејт е „посветен“ на некој тип што му рекол дека нема да успее никогаш и дека ќе треба 10 години соло да го направи ова- при иницијалната вест дека некој веќе почнал да ја пренесува Моровинд во Елден Ринг со портирање од еден во друг сетинг успешно како добар почеток, ова е видеото од 1 Септември лани кoe беше објавено пред 8 месеци кога сето ова јавно започна како процес по макотрпна инвидидуална работа на InfernoPlus:

 Доколку сакате да се придружите на овој постоечки проект во развој самиот лидер на проектот извади повик за сите категории изработувачи на игри, меѓу кои добродојдени се и изработувачи на костумизации на ликови -лица за NPC карактери во играта и Гласовни Актери ентузијасти, затоа што засега за двете категории AI генераторите не прават добра работа. Како што вели на крајот од самото прво видео -во дексрипцијата од видеото е наведен и каналот на Дискорд каде што може слободно да се придружите во изработката на овој одличен мод каде не само „компјутерџии“ туку и уметници од секаков вид се добродојдени да придонесат да заживее повторно Моровинд во Елден Ринг издание.