Во Хрватска е потврден првиот случај на лице заразено со новиот корона вирус, а станува збор за помлад човек чија што состојба е стабилна.

Според хрватски власти, станува збор за лице кое се вратило од Милано.

„Влегуваме во фаза што е на нешто поголема подготвеност од досега. Тоа е болест слична на грипот. Не се очекува поголема смртност или поголеми компликации. Здравствениот систем е подготвен и правиме сè за безбедноста на нашата нација“, изјави министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош.

Тој додаде дека здравствените работници ќе се фокусираат на контактите што овој пациент ги имал.