fbpx

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори, неизвесна трката меѓу главните ривали

-

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори, десетти по ред од осамостојувањето на земјата. На изборите се натпреваруваат 192 листи со 2.700 кандидати за 151 место во хрватскиот парламент. Право на глас на парламентарните избори имаат 3,86 милиони гласачи, а меѓу пратениците ќе се бираат и тројца претставници на хрватската дијаспора и осум пратеници од малцинствата во Хрватска.

Анкетните истражувања за популарноста на политичките партии покажуваат неизвесна битка за формирање на парламентарно мнозинство во хрватскиот парламент, при што аналитичарите предвидуваат тешки преговори по изборите за формирање на влада и можност за распишување на нови парламентарни избори по само неколку месеци од денешните.

Најголем дел од анкетите им даваат тесна предност на опозициската коалиција „Рестарт“, предводена од Социјалдемократската партија на Хрватска. Нејзин предводник е Давор Бернардиќ, кој дојде на позицијата на лидер на социјалдемократите откако неговиот претходник Зоран Милановиќ беше избран за хрватски претседател на последните претседателски избори.

Веднаш по нив во рејтингот е владејачката партија ХДЗ на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ. Нивен конкурент од политичка позиција на десниот центар е „Домовински покрет“ на пејачот Мирослав Шкоро, но и „МОСТ“ на Божо Петров. Аналитичарите сметаат дека клучна улога во формирањето на новото парламентарно мнозинство ќе имаат помалите политички партии што ќе влезат во хрватскиот Сабор, но и пратениците што ќе ги изберат хрватските малцинства.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но изборите беа распишани неколку месеци порано поради ситуацијата со корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...