fbpx

Во Хелсиншки комитет граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право

-

„Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436, или на  [email protected] “, соопштија од Хелсиншки.

Потсетуваат дека денеска почна гласањето на лицата кои се болни од ковид-19 и во самоизолација, а дека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старските домови и внатрешно раселените лица.

„Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и во среда, 15 јули 2020, од 07 до 21 часот. Апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, стои во нивното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...