fbpx

Во Хамбург повредени 197 полицајци, приведени 70 активисти

-

Анитиглобалистите вчеравечер се судрија со полицијата во Хамбург за време на самитот на Г20, палејќи автомобили, кршејќи излози и фрлајќи шишиња, при што повредени се 197 полицајци, а приведени се 70 активисти.

Илјада полицајци со целосна опрема за разбивање толпа патролирале на повеќе од 30 локации каде што се случувале протестите. Најголем дел од демонстрациите биле мирни и креативни, но некои активисти фрлале молотови коктели, метални шипки и камења.

Полицијата го осуди насилството и го нарече „шокантна криминална енергија и висок потенцијал за насилство“.

Не се знае точниот број на повредени активисти, но противпожарната служба соопшти дека 60 лица биле примени во болниците низ Хамбург.

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди како „неприфатливо“ насилството на антикапиталистички ориентираните демонстранти во Хамбруг.

– Можам да разберам мирни протести, но загрозување на животот на самите демонстранти е неприфатливо – изјави Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...