Во Грција се шират дезинформации дека дијагностички тест за ковид-19 е патентиран во 2015 година

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот.

Грчкиот портал за проверка на фактите и борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr одговара на неточни тврдења објавени во некои медиуми пошироко во светот, кои се пренесени од грчки веб-сајтови – дека наводно патент за дијагностички тест за ковид-19 е побаран уште во 2015 година. Но, како што утврдил ellinikahoaxes.gr, во 2015 година се појавува оригиналната идеја за патент, но за метода за обработка на биометрички податоци, која воопшто не е поврзан со болеста ковид-19. Годинава таа метода за прибирање податоци е користена со цел за зајакнување на процесот на дијагностицирање вирусни заболувања, вклучително и ковид-19.

Поподробно, во спорните текстови на грчките медиуми се тврдело дека на веб-сајтот Espacenet.com може да се впише изум или патент, како и дека под кодот US 2020279585 на овој сајт пишува дека извесен Rotschild Richard GB на 13 октомври 2015 г. го впишал текстот за ковид-19 како свој патент. Статиите со вакво тврдење биле придружени и од видео во кое извесен др. Шифман го тврди тоа. Но тврдењето е целосно погрешно претставено од страна на др. Шифман, а соодветно на тоа, и статиите изнесуваат неточности, пишува ellinikahoaxes.gr.

Грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите појаснува дека Espacenet.com е во суштина сајт за пребарување патенти, но не е единствената база на податоци каде што може да се најдат патенти. Сличен сервис е patents.google.com, кого ellinikahoaxes.gr го користела за да го побара наведениот патент US2020279585. Според наведеното на patents.google.com, на 13 октомври 2015 година е изнесена оригиналната верзија на патентот, кој се однесува на прибирање и обработка на биометриски податоци за некој човек, како што се пулс, крвен притисок, итн. преку видео, во комбинација со податоци добиени од соодветни уреди и апарати за биометриски податоци.

Оваа комбинирана метода би имала различни примени, како на пример за многу систематско и ефикасно следење на физиолошката состојба на некој човек при спортска активност, како и за следење на физичката состојба на некој пациент заради поставување дијагноза. Се разбира, оваа генерална идеја за дијагностицирање не е поврзана со дијагностицирање на ковид-19, бидејќи во 2015 година не постоела таа болест.

Идејата е обновена на 17 мај годинава, преку сличен метод за прибирање биометриски податоци преку апликации за смартфон, со цел да се потпомогне дијагностицирањето на некоја инфекција или болест, вклучително и на болеста ковид-19. Патентот е конечно објавен на 3 септември годинава, но досега не е одобрена неговата примена, ниту пак со оваа метода може да се дијагностицира само ковид-19.

Исто така, во патентот од 2015 година видливо е дека воопшто не се споменува болеста ковид-19, пишува ellinikahoaxes.gr

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...