fbpx

Во глобални рамки корона-кризата повеќе ги погоди жените, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

-

Корона-кризата во глобални рамки го нагласи уште повеќе прашањето за родовата рамноправност и степенот на вклученост на жените во општеството, бидејќи согласно со расположливите податоци, таа несразмерно повеќе ги погодува жените од мажите. Пандемијата наметна потреба од рестриктивни мерки коишто најмногу ги засегнаа дејностите коишто се засноваат на социјална интеракција, односно услужниот сектор, но и неформалната економија, каде што учеството на жените е поголемо. Со тоа, корона-кризата дополнително ја истакна и потребата од засилување на активностите за овозможување родова рамноправност.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на тема „Ковид-19 и економското влијание врз жените“, на Првата годишна конференцијa на Министерството за надворешни работи – „Жените во надворешната политика“.

Во дискусијата, гувернерката осврнувајќи се на состојбите во регионот на земјите од Западен Балкан, посочи дека според студии на меѓународни институции секоја година економиите на регионот имаат загуба од околу 18 проценти од нивниот БДП, како резултат на родовиот јаз на пазарот на труд, како и дека две третини од изгубениот доход се објаснува токму со ниската вклученост на жените на пазарот на труд.

„Во околности на здравствена криза, особено загрижува натамошното зголемување на неактивноста кај жените. Поголемата вклученост на жените во работната сила носи придобивки не само за жените, туку и за целото општество, при што според повеќе студии се заклучува дека повисоката вклученост на жените може да доведе до БДП повисок за дури 10 отсто во развиените земји и дури 30% во земјите во развој,“  напомена Ангеловска-Бежоска.

Меѓу другото, таа истакна дека за поголема вклученост на жените се потребни институционални политики коишто ќе овозможат еднаков пристап до образование, здравство, како и поголем пристап до финансии.

„Оттаму, неопходни се активности за олеснување на пристапот до финансии, зголемување на финансиската едукација, особено кај жените со пониски примања, зголемување на дигиталните вештини, создавање посебни фондови за финансиска поддршка на инвестициите на жените,“ посочи Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваа и претседателката на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и почесна конзулка на Канада, Анета Антова-Пешева, членката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Ќаније Селими, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија и почесна конзулка на Унгарија, Данела Арсовска и Надире Реџепи, од Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...