fbpx

Во Егејско Море загинаа 21 мигрант

-

Најмалку 21 лице загинаа кога два чамци се превртеа во источниот дел на Егејско Море, на пат од Турција до Грција, соопштија грчките власти.

Кај островот Калиманос загинале 18 лица, а спасени се 138, соопштија денеска грчки владини претставници.

Во одвоените инциденти кај островот Родос рано утринава загинаа три лица.

Осум лица, меѓу кои има и деца, загинале вчера во Егејско Море во обид да стигнат до Грција.

Најголем број бегалци кои бегаат од сиромаштија или од земји зафатени од војна се обидуваат преку Грција да стигнат до другите членки на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...