Во две сообраќајни незгоди во Охрид настрадаа двајца пензионери. Како што информира Министерството за внатрешни работи на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два мопеди управувани од Н.А.(66) и Д.М.(71), двајцата од Охрид во која со тешки телесни повреди се здобил Н.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Втората несреќа се случила на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, каде патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрило во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид. При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
